Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски да каже кој го плати патувањето на неговите деца во Вашингтон. Ковачевски беше придружуван од семејството на работна посета на американската престолнина минатата недела.
„Треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер, може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцепција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска денеска на настан во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање.