Инстаграм планира да пушти во употреба апликација базирана на текст што ќе се натпреварува со Твитер уште во јуни, објави Блумберг. Мета, матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, веќе ја тестира апликацијата со инфлуенсери. Нова апликација ќе биде интегрирана со Инстаграм.
„Децентрализираната апликација е направена врз основа на Инстаграм, но ќе биде компатибилна со апликации како Мастодон“, вели професорката од Универзитетот Калифорнија, Лиа Хаберман, која предава маркетинг за инфлуенсери.
Луѓето почнаа да поминуваат помалку време на Твитер откако Илон Маск ја презеде компанијата, поради што веќе се појавија нови конкуренти на социјалната мрежа, како Блускај на основачот на Твитер Џек Дорси.