ГОДИНАВА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ СВИДЕТЕЛСТВАТА ВО ЈУНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ГОДИНАВА УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ СВИДЕТЕЛСТВАТА ВО ЈУНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕНаставната година за основците ќе трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни. (Фото: К. Попов)

    Во тек е испорачувањето на свидетелствата за сите одделенија, учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    Изминативе две години, и во 2021 и во 2022, учениците, освен полуматурантите и матурантите, свидетелставата ги добиваа на крај на август, на неколку дена пред почетокот на новата учебна година.

    Од МОН велат дека според информациите од Бирото за развој на образованието под чија надлежност е  постапката за свидетелствата, склучен е договор со економски оператор и веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование.

    „По целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение. Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно Календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни“, вели Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира