Ирска ќе стане првата земја во светот која ќе става предупредувања за здравјето на алкохолни пијалоци.
Министерот за здравство Стивен Донели вчера ги потпиша новите прописи, кои ќе ги предупредуваат потрошувачите за здравствените ризици од пиење алкохол, како и за бројот на калории на производот. Етикетите нема да бидат задолжителни до мај 2026 .
„Го поздравувам тоа што сме првата земја во светот што го направи овој чекор и воведе сеопфатно здравствено означување на алкохолните производи. Со нетрпение очекувам другите земји да го следат нашиот пример“, изјави министерот.
Етикетите детално ќе ги опишат опасностите од пиење алкохол за време на бременоста, потенцијалните фатални карциноми и ризиците од заболување на црниот дроб.
Планот на Ирска се соочи со протести во Италија, Шпанија и шест други земји-членки на ЕУ кои рекоа дека може да предизвика проблеми, бидејќи може да влијаат негативно на изборот на потрошувачите.