ЕРДОГАН ВОДИ ПО ПРЕБРОЕНИ ПОЛОВИНА ОД ГЛАСОВИТЕ ВО ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ

    ЕРДОГАН ВОДИ ПО ПРЕБРОЕНИ ПОЛОВИНА ОД ГЛАСОВИТЕ ВО ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГЕрдоган е во водство со 54,47 отсто од гласовите, а Киличдароглу има 45,53 отсто, од преброени 54,6 отсто од гласовите; - Од денешното гласање. (Фото: Гети)

    Претседателот на турскиот Врховен изборен совет, Ахмет Јенер, изјави дека Реџеп Тајип Ердоган е во водство со 54,47 отсто од гласовите, а неговиот секуларен ривал Кемал Киличдароглу има 45,53 отсто, од преброени 54,6 отсто од гласачките кутии. Турција денеска гласаше во вториот изборен круг за претседател. Јенер рече дека бројот на досега преброени гласови е над 26 милиони.

    Ова е првата официјална изјава која вели дека Ердоган е во водство по затворањето на гласачките места во 18 часот по локално време.

    Ниту еден кандидат не успеа да обезбеди 50 отсто од гласовите во првиот круг, кога Ердоган освои 49,52 отсто, а Киличдароглу 45 отсто. Клучните изборни прашања беа зголемената инфлација и трошоците за живот, како и последиците од разорните земјотреси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира