Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган тврди дека победи на претседателските избори, иако пребројувањето на гласовите уште трае. Според тековното пребројување, од официјалните резултати Ердоган има околу 53 отсто, а неговиот секуларен ривал Кемал Киличдароглу, околу 47 отсто од гласовите.
Ердоган го започна обраќањето со пеење пред насобраните приврзаници. Говорејќи качен врз автобусот на кампањата, тој им се заблагодари на гласачите и рече дека му дале одговорност да владее со Турција уште пет години. Тој владее веќе 20 години.
Ердоган го исмеваше Киличдароглу за поразот, велејќи „чао чао, Кемал“, додека поддржувачите исвиркуваа.
„Единствениот победник денес е Турција“, рече Ердоган.
Поддржувачите на Ердоган слават, а честитки испратија и некои странски лидери.