ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

    Група граѓани и еко-активсти денеска со почеток од 17 часот ќе одржат протест против енормното загадување на воздухот, кое во одредени денови и до 20 пати ги надминува дозволените вредности. Собирно место е фонтаната во Градски парк, од каде маршот ќе се упати кон просториите на Град Скопје, а потоа и ќе се оди и до Владата.

    „Загадувањето на воздухот е најголемо досега! Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје. А локалните и централните власти не преземаат ништо! Демонстрираат целосна негрижа за здравјето и за животот на населението. Не смееме да молчиме. Ако се сакаме себеси и своите најблиски, мора да излеземе на протест и да побараме итни мерки за чист воздух“, се вели во фејсбук-најавата за протестот.

    Организаторите на протестот имаат 12 барања до централата и до локалната власт, меѓу кои се воведување систем пар-непар за возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми, како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.

    Еко-активистите бараат од новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на каква било вегетација и да донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала, задолжително ќе биде преземањето мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира