НАД 7.800 БОЛНИ ОД ГРИП, КОМИСИЈАТА ПРЕПОРАЧУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ШКОЛИТЕ И ПОЧЕСТО ПРОВЕТРУВАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НАД 7.800 БОЛНИ ОД ГРИП, КОМИСИЈАТА ПРЕПОРАЧУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ШКОЛИТЕ И ПОЧЕСТО ПРОВЕТРУВАЊЕ

     

    Комисијата за заразни болести информираше дека во системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. На седницата одржана вчеравечер, донеле неколку препораки меѓу кои и да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто да се проветруваат просториите.

    Комисијата даде препорака да се ограничат посетите на хоспитализираните пациенти во болниците, како и да се изврши вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде има хоспитализирани пациенти.

    Од комисијата препорачуваат и избегнување на престој во поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и да се одбегнува контакт со заболени лица.

    Според информациите на комисијата, во училиштата и во градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира