Македонија ја чекаат тешки одлуки, но САД биле и ќе останат ваш најголем пријател, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер по повод првата годишнина од почнувањето на стратешкиот дијалот помеѓу двете земји. Македонија е првата земја од Западен Балкан која почна ваков дијалог со САД, што се одвиваше помеѓу Министерството за надворешни работи и Стејт департментот.
„Годишнината од нашиот стратешки дијалог е можност да се осврнеме на повеќе од три децении американско-македонско партнерство, она што го постигнавме заедно и на заедничките предизвици што следуваат. Патот на земјата до овој клучен момент во својата историја не беше лесен, а претстојат и тешки одлуки. Но, САД отсекогаш биле и секогаш ќе бидат ваш постојан поддржувач и најголем пријател. Ќе бидеме со вас рамо до рамо додека ги постигнувате вашите цели за безбедност, просперитет и можност во рамките на европската заедница“, изјави Агелер.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој го водеше дијалогот со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кажа дека тој е значајна пресвртница во севкупните билaтерални односи и логичен чекор напред по речиси 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и 15 години стратешко партнерство со САД.