НАД 280 МРТВИ ВО НАЈТЕШКИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ИНДИЈА ВО ОВОЈ ВЕК

    НАД 280 МРТВИ ВО НАЈТЕШКИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ИНДИЈА ВО ОВОЈ ВЕКСе очекува трагичниот биланс да расте (Фото: АП)

    Најмалку 288 луѓе загинаа во вчерашната железничка несреќа во Индија, во која се судрија повеќе возови. Се верува дека еден воз излетал од шини, по што се судрил со друг на соседна пруга. Во несреќата учествувал и товарен воз, кој бил паркиран тука.

    Властите кажаа дека ова е најсмртоносната железничка несреќа во земјата во овој век и очекуваат трагичниот биланс да расте. Повредени се околу 900 луѓе.

    Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во областа Баласоре во источната сојузна држава Одиша и ангажирани се дополнителни 100 лекари.

    Десетина вагони од патнички воз излетаа од шини и удрија во паркиран товарен воз, чии вагони паднаа на соседна пруга, каде што друг патнички воз удрил во нив“, изјави Амитаб Шарма, портпаролот на министерството за железници.

    Индија ја има една од најдолгите железнички мрежи на светот и несреќите се доста чести. Најголемата се случи во 1981 година, кога загинаа најмалку 800 луѓе. Вчерашната несреќа е најтешката од 1995, кога во судирот на два воза близу Њу Делхи загинаа 358 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира