ВО БАЗИЛИКАТА „СВЕТИ ПЕТАР“ ВО ВАТИКАН ИЗВЕДЕН РИТУАЛ НА ПРОЧИСТУВАЊЕ ОТКАКО ГОЛ МАЖ ПРОТЕСТИРАШЕ НА ОЛТАРОТ

    ВО БАЗИЛИКАТА „СВЕТИ ПЕТАР“ ВО ВАТИКАН ИЗВЕДЕН РИТУАЛ НА ПРОЧИСТУВАЊЕ ОТКАКО ГОЛ МАЖ ПРОТЕСТИРАШЕ НА ОЛТАРОТМаж од Полска застанал на олтарот за да протестира против војната во Украина (Фото: Г. Конев)

    Специјален ритуал на прочистување беше изведен на главниот олтар во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан откако беше осквернавен од гол маж кој протестираше против војната во Украина. Молитвата позната како покајнички обред беше водена од надбискусот на базиликата Мауро Гамбети.

    Ова уследи откако пред два дена млад маж од Полска се соблекол гол и застанал на олтарот во базиликата, при што на грбот му била испишана пораката „Спасете ги украинските деца“. Ватиканските чувари го предале демонстрантот на италијанската полиција, која му изрекла протерување од Италија.

    Тој направи грешен, несоодветен и навистина непосакуван гест за да го сврти вниманието на жртвите на војната“, изјави Гамбети.

    Извори од Ватикан кажаа дека демонстрантот имал расекотини по телото, што самиот си ги нанесол со нокти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира