Папата Фрањо ќе оди на итна операција на стомакот денеска во римската болница „Џемели“, соопшти Ватикан. Оттаму додаваат дека неговиот лекарски тим заклучил дека операцијата е потребна и се очекува папата да остане во болницата неколку дена.
„Операцијата на стомачниот ѕид ќе се изведе под целосна анестезија“, објави Ватикан.
Ова следува откако папата вчера бил на 40-минутен преглед во истата болница.
Папата беше опериран и пред две години, кога му беше отстранет дел од дебелото црево поради болна состојба наречена дивертикулитис. Тој порано оваа година кажа дека оваа состојба му се вратила.
Папата се мачи и со постојани болки во колено, но лани кажа дека не сака да се оперира зашто имал непријатни несакани ефекти од анестезијата од операцијата на дебелото црево.