Навредливи графити со кукасти крстови и натписи „Ѓупци“ синоќа непознати лица испишале со црн спреј врз куќи на ромско население на улица Дебарска во Битола. Случајот е пријавен во полиција и се испитува дали сторителите се снимени на камери од околните куќи.
„Со ова ќе се создаде меѓуетничка нетрпеливост зашто тоа се куќи на ромски жители, а во населбата каде живее население од мешан етнички состав Македонеци, Роми, Албанци и Турци и живееме во мир и спокој цел живот. Не е во ред да се создаваат недоразбирања и тензии, особено кај младите да се предизвикаат несакани дејствија“, рече Самедин Канановски, активист и жител на ромската населба Баир.
Ж. ЗДРАВКОВСКА