Дваесет и седум лица, од кои најмногу деца загинаа по експлозија на граната, која ја нашле играјќи си, соопшти Државната новинска агенција на Сомалија.
Повеќето од жртвите се на возраст меѓу 10 и 15 години. Педесет и три лица се повредени.
Според медиумите, децата си играле со неексплодираните гранати, кои биле користени од завојуваните фракции во Сомалија.
„Катастрофа се случи денеска во близина на градот Корјолеј. Децата си играле со минофрлачка граната, која експлодирала. Дваесет од нив загинаа, а други се повредени. Бараме од владата и агенциите за помош да ги исчистат мините и гранати од областа“, изјави Абди Ахмед, заменик окружен комесар на Корјолеј.