ДВИЖЕЊЕТО ЕВРОПА СЕГА ПОБЕДИ НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА ЕДНА ГОДИНА ПО ФОРМИРАЊЕТО НА ПАРТИЈАТА

    ДВИЖЕЊЕТО ЕВРОПА СЕГА ПОБЕДИ НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА ЕДНА ГОДИНА ПО ФОРМИРАЊЕТО НА ПАРТИЈАТАПЕС се залага за политиките на ЕУ, но и за поблиски врски со Србија (Фото: Вијести)

    Движењето Европа сега (ПЕС), предводено од Милојко Спајиќ, победи на вчерашните вонредни парламентарни избори во Црна Гора со освоени 26% гласови, велат прелиминарните резултати на Центарот за демократска транзиција. Оваа партија најверојатно ќе има предност во формирањето на новата влада, но за тоа ќе мора да коалицира.

    ПЕС, која се залага за политиките на Европската Унија, но и за поблиски врски со Србија, не успеа да освои доволно гласови за сама да формира влада и би требало да има 26 места во парламентот со 81 пратеник. Оваа партија беше формирана пред една година и ова ѝ беше прво излегување на изборите. 

    Коалицијата „Заедно“, што ја предводи Демократската партија на социјалистите (ДПС), која владееше со Црна Гора од 1990 до 2020 година, заврши на второто место со 23,7% гласови и се очекува да има 21 пратеник. ДПС и нејзиниот лидер Данијел Живковиќ кажаа дека според нивните пресметки, имаат еден пратеник повеќе од ПЕС, од која произлезе сегашниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

    Во новиот парламент влегоа уште пет партии и коалиции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира