СТАНБЕНА ЗГРАДА ПОГОДЕНА ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА КРИВИ РИХ, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    СТАНБЕНА ЗГРАДА ПОГОДЕНА ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА КРИВИ РИХ, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИВо тек е спасувачка операција во петкатна станбена зграда (Фото: Телеграм)

    Русија изведе голем ракетен напад на градот Криви Рих во централна Украина, при што загинаа најмалку тројца луѓе, а 25 се повредени, објавија официјални лица. Гувернерот на регионот Днепар, Серхиј Лисак, изјави дека во тек е спасувачка операција во една петкатна станбена зграда, која се запалила откако била погодена.

    И натаму има луѓе под урнатините на зградата. Имаше пожар“, изјави Лисак.

    Градоначалникот на Криви Рих, Олександр Вилкул, кажа дека најмалку седуммина луѓе се заглавени под урнатините. Претседателот Зеленски, кој е роден во Криви Рих, го осуди нападот.

    Руските убијци ја продолжуваат војната против станбени згради и обични граѓани“, кажа тој.

    Сирените за воздушна тревога утрово се огласија низ речиси цела Украина. Воената управа на Киев кажа дека биле соборени сите проектили испукани кон градот, додека украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана уништила десет од 14-те крстосувачки проектили што Русија утрово ги лансирала кон Украина. Цел на нападите бил и Харкив.

    Ракетниот напад се случи неколку дена откако Украина потврди дека ја почнала противофанзивата, во која досега се ослободени седум населени места во Доњецк.

    Досега е ослободена територија од 90 квадратни километри“, соопштија од украинското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира