Најмалку 78 мигранти се удавија, а над 100 се спасени откако нивниот рибарски брод се превртел покрај брегот на јужна Грција. Ова е најсмртоносниот бродолом во Грција оваа година.
Нејасно е колку луѓе имало на бродот кога потонал околу 80 километри југозападно од островот Пилос, но грчките власти и Меѓународната организација за миграција веруваат дека можеби биле стотици.
Грчката крајбрежна стража кажа дека бродот вчера бил забележан во меѓународните води и дека патниците одбиле помош, иако никој од нив не носел прслук за спасување. Бродот наводно бил на пат од Либија за Италија, а најголем дел од патниците биле мажи во свои 20-ти години, чија националност не е позната. Тој се превртел и потонал само неколку часа подоцна, а спасувачката операција била отежната од силен ветер.
„Првичните информации велат дека околу 400 луѓе биле на бродот. Стравуваме дека огромен број од нив се исчезнати“, соопшти грчкото министерство за миграција.