НАД 500 МИГРАНТИ ИМАЛО НА БРОДОТ ШТО ВЧЕРА ПОТОНА ПОКРАЈ ГРЦИЈА, СТОТИЦИ СЕ ИСЧЕЗНАТИ

    НАД 500 МИГРАНТИ ИМАЛО НА БРОДОТ ШТО ВЧЕРА ПОТОНА ПОКРАЈ ГРЦИЈА, СТОТИЦИ СЕ ИСЧЕЗНАТИВластите знаеле дека бродот е во неволја, но оттаму упорно одбивале помош (Фото: грчка крајбрежна стража)

    Меѓу 500 и 700 мигранти имало на бродот кој вчера се преврте и потона покрај брегот на јужна Грција, рекле преживеаните. Грчките власти потврдија дека 79 луѓе загинале, а над 100 се спасени, додавајќи дека е невозможно да се каже колку мигранти имало на бродот.

    Грција прогласи тридневна национална жалост по една од најголемите несреќи од ваков тип во историјата на земјата.

    Преполниот рибарски брод потонал 80-ина километри југозападно од градот Пилос, откако упорно одбивал помош. Тој бил забележан во меѓународните води во вторникот и никој од патниците не носел прслук за спасување, кажа грчката крајбрежна стража.

    Властите во неколку наврати успеале да стапат во контакт со бродот преку сателитски телефон, но оттаму само им повторувале дека не сакаат ништо освен да стигнат до Италија. Вчера околу 1:40 часот, некој од бродот испратил известување дека моторот се расипал, за набргу потоа бродот да се преврти и целосно потоне за само 10-15 минути.

    Се верува дека бродот со денови патувал од Либија за Италија. Најголем дел од патниците биле мажи во свои 20-ти години, чија националност не е позната. Преживеаните изјавиле дека на бродот имало меѓу 500 и 700 луѓе, што е далеку над неговиот дозволен капацитет.

    Моите колеги видоа дека бродот е преполн. Бевме свесни дека бродот е во неволја со часови пред да испрати сигнал за помош и потоне во еден од најдлабоките делови на Средоземното Море. Ова е невидена трагедија“, изјави капетанот на крајбрежната стража Николаос Алексиу.

    Преживеаните се префрлени во градот Каламата, а тројца луѓе за кои се верува дека се шверцери се уапсени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира