ВО ПРИШТИНА УБИЕН МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЈАНИН БЛЕРИМ ДАЦИ, ГО ПОВРЗУВААТ СО УБИСТВОТО ВО „ШИША БАР”

    ВО ПРИШТИНА УБИЕН МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЈАНИН БЛЕРИМ ДАЦИ, ГО ПОВРЗУВААТ СО УБИСТВОТО ВО „ШИША БАР”Според извори на косовски „Индекс Онлајн“, убиениот Блерим Дачи е осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“ во Скопје. - Шиша бар ден по двојното убиство на 6 март (Фото: СДК.МК)

    Синоќа во Приштина е убиен македонскиот државјанин Блерим Даци, објавија косовските медиуми.

    Тој бил застрелан околу 20 часот во неговиот автомобил со македонски регистерски таблички од страна на напаѓач или напаѓачи во џип со германски таблички. Возилото од кое било пукано подоцна е најдено изгорено на еден километар од убиството.

    Косовската полиција утврдила дека убиениот Даци користел лажни лични документи, на име Блерим Шабани.

    Според извори на косовски „Индекс Онлајн“, Даци е осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“ во Скопје. Убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи на 6 март, кога маскирани лица ги убија Енес Исени и Јетон Кривањева, испукувајќи 40-50 куршуми.

    Шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски тогаш кажа дека станува збор за пресметка за позиции на нарко-пазарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира