РЕА СЕ ШИРИ ОД ИСПУСНИТЕ КАНАЛИ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ВАРДАР ВО ВЕЛЕС

    РЕА СЕ ШИРИ ОД ИСПУСНИТЕ КАНАЛИ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ВАРДАР ВО ВЕЛЕСИспусните канали се кај детското игралиште во Градски парк, во Дворови и галеријата кај Мало мовче. (Фото: СДК.МК)

    Реа се шири од трите испусни канали за отпадните води и канализацијата кои се влеваат во реката Вардар во Велес и се од отворен тип.

    „Мора да се преземе нешто, летно време не се живее, ние кои сме во близина. И лоша миризба и нехигиена. Треба да се покријат да не се видливи“, велат жителите кои живеат во близина.

    Испусните канали се лоцирани кај детското игралиште во Градски парк, во Дворови и галеријата кај Мало мовче.

    „Со ЈКП ‘Дервен’ сме разговарале да се продолжат каналите за некои 20 метри. Ова се однесува на тој во Паркот и во Дворови, додека кај Мало мовче ќе се регулира со изградбата на кејот од десната страна, која е во тек. Ќе се обидеме овој проблем да го решиме поскоро“, кажа градоначалникот Марко Колев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира