ЕКВАДОРКАТА КОЈА ОЖИВЕА НА НЕЈЗИНИОТ ПОГРЕБ ПОЧИНА ПО НЕДЕЛА ДЕНА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

    ЕКВАДОРКАТА КОЈА ОЖИВЕА НА НЕЈЗИНИОТ ПОГРЕБ ПОЧИНА ПО НЕДЕЛА ДЕНА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГАБела Монтоја се разбуди и почна да тропа по ковчегот на нејзиниот погреб на 9 јуни откако помина повеќе од пет часа затворена во капела во Бабахојо. (Фото: Еквадор Комуникасионес)

    76-годишната жена која беше прогласена за мртва и ги изненади нејзините роднини кога почна да тропа на својот ковчег за време на погребот претходно месецов почина по седум дена на интензивна нега.

    Еквадорското министерство за здравство потврди дека Бела Монтоја починала од мозочен удар по една недела помината на интензивна нега. Оттаму додаваат дека Монтоја останува под опсервација, но не откриваат понатамошни информации околу истрагата за нејзиниот случај.

    Нејзиниот син Жилберто Барбера Монтоја кажа дека нема добиено извештај од властите со медицинско објаснување што се случило и предупреди дека „работите нема да останат вака“. Тој додаде дека нејзината сестра поднела жалба за инцидентот, со барање да се идентификува докторот кој првично ја прогласи за мртва како последица на мозочен удар.

    Бела Монтоја се разбуди и почна да тропа по ковчегот на нејзиниот погреб на 9 јуни откако помина повеќе од пет часа затворена во капела во Бабахојо, околу 200 километри југозападно од главниот град Кито.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира