НЕМА СОМНЕЖ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА, КАЖА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ НА ПРОТЕСТ ВО СОФИЈА

    НЕМА СОМНЕЖ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА, КАЖА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ НА ПРОТЕСТ ВО СОФИЈАБугарскиот европратеник Ангел Џамбаски бара враќање на бугарското вето за Македонија во ЕУ. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно рече дека Македонија е бугарска, овојпат на протест пред македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

    Џамбаски вчера зборуваше на протест по повод тепачка во која учествувал копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески, кој тврди дека бил нападнат затоа што се чувствува како Бугарин.

    „За нас нема сомнеж дека Македонија е бугарска“, кажа Џамбаски на протестот.

    Кадриески, исто како и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, беше однесен на лекување во софиска болница.

    Џамбаски ја спомена и резолуцијата на германскиот Бундестаг за Македонија, за која што рече дека е навредлива за Бугарија и голем неуспех на бугарската дипломатија. 

    „Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија“, рече Џамбаски.

    По протестот за Кадриески, Џамбаски потоа отиде на протест за „заштита на традиционалното бугарско семејство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира