ИСЧЕЗНА ТУРИСТИЧКА ПОДМОРНИЦА КОЈА ПРЕВЕЗУВА ЛУЃЕ ДО ОСТАТОЦИТЕ НА „ТИТАНИК“

    ИСЧЕЗНА ТУРИСТИЧКА ПОДМОРНИЦА КОЈА ПРЕВЕЗУВА ЛУЃЕ ДО ОСТАТОЦИТЕ НА „ТИТАНИК“„Титан“ може да прими пет луѓе и содржи залихи на кислород за четири дена (Фото: Оушнгејт)

    Подморница која служи за превезување луѓе до остатоците на „Титаник“ исчезна во Атлантскиот Океан, што покрена голема спасувачка операција. „Оушнгејт“, фирмата која ги организира овие тури за 250.000 долари од место, соопшти дека ги разгледува сите опции за безбедно враќање на посадата, во што помагаат и владини агенции и компании за истражување на големи длабочини.

    Остатоците на „Титаник“, кој потона во 1912 година, лежат на длабочина од околу 3.800 метри.

    Се верува дека потонатото пловило е „Титан“, подморница со големина на камион, која може да прими пет луѓе и содржи залихи на кислород за четири дена. Не е познато кога е изгубен контактот со посадата, ниту кој ја сочинувал, но се верува дека дел од неа е британскиот истражувач Хамиш Хардинг.

    Компанијата ги рекламира овие осумдневни патувања како „шанса да се излезе од секојдневниот живот и да се открие нешто исклучително“. Според нејзиниот сајт, една експедиција е во тек, а две се планирани за јуни 2024. Компанијата поседува три подморници, а само „Титан“ е способна да се нурне доволно длабоко за да стигне до остатоците на „Титаник“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира