НА ДЕВЕТМИНА ЕГИПЌАНИ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ЗА БРОДОЛОМОТ КАЈ ГРЦИЈА, ВО КОЈ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 82 МИГРАНТИ

    НА ДЕВЕТМИНА ЕГИПЌАНИ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ЗА БРОДОЛОМОТ КАЈ ГРЦИЈА, ВО КОЈ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 82 МИГРАНТИНесреќата ја преживеаја само 104 од 700 луѓе на бродот (Фото: Њујорк тајмс)

    Деветмина мажи се обвинети и ги чека судење за најголемиот бродолом во Средоземното Море оваа година, при што загинаа најмалку 82 мигранти, а стотици се исчезнати, изјави грчката крајбрежна стража. Европската Унија истовремено вети дека ќе издвои 15 милијарди евра за своите мигрантски политики.

    Грција, која беше силно критикувана за нејзината реакција на катастрофата од 12/13 јуни, и натаму го пребарува морето, иако шансите да се пронајдат уште преживеани се скоро непостоечки.

    Рибарскиот брод долг 30-ина метри и исполнет со стотици мигранти потона крај југозападниот брег на Грција, откако тргнал од Либија кон Италија. Се смета дека на бродот имало до 700 мигранти со потекло од Египет, Сирија и Пакистан, но само 104 се спасени. Крајбрежната стража најде уште три тела во последните два дена, со што бројот на потврдени жртви порасна на 82.

    Осомничените шверцери, сите со потекло од Египет на возраст од 20 до 40 години, вчера беа обвинети за убиство без умисла, водење криминална организација, шверц на мигранти и за предизвикување бродолом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира