„БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ ГИ ПРЕКРИ ПОРАКИТЕ СО ГОВОР НА ОМРАЗА НА ЅИДОВИ СО ПОЗИТИВНИ ЦРТЕЖИ И ГРАФИТИ

    „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ ГИ ПРЕКРИ ПОРАКИТЕ СО ГОВОР НА ОМРАЗА НА ЅИДОВИ СО ПОЗИТИВНИ ЦРТЕЖИ И ГРАФИТИЗа почетокот се исцртуваат ѕидови на три образовни установи (Фото: СДК.МК)

    Со уметничка интервенција против испишаните пароли со говор на омраза кои се покрија со графити и цртежи со позитивни пораки денеска почна 22. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“, кој ги слави музиката, уметноста и волонтерството. Оваа уметничка интервенција е наречена „Битолските ѕидови – уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“, а се исцртуваат ѕидови на училиштата „Таки Даскало“ и „Стив Наумов“ и градинката „Пролет“.

    Увидовме дека на ѕидовите, посебено на образованите институции, има многу говор на омраза. Решивме да направиме уметнички интервенции врз тие простори, а потоа продолжуваме со интервенција и врз други јавни простори каде што има говор на омраза“, рече Маја Ангеловска, програмска менаџерка во МКЦ Битола.

    Овој младински фестивал кој ја промовира урбаната култура трае од 21 до 24 јуни во организација на МКЦ Битола, а годинава ќе придонесе за оживување на простори каде што претходно немало културни настапи. Утре на пешачката зона во Старата чаршија ќе има журка на зајдисонце, а потоа ќе се одржи забава со диџеи пред поранешната Соколана. На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити. В сабота е големиот музички настан во градскиот парк, на кој ќе настапат „Лусент“ од Битола, „Арумбо“ од Шпанија со членови од Белгија и Италија и Репетитор од Белград.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира