БЕЛГРАД ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКАТА ИЗЛОЖБА ЕКСПО 2027

    БЕЛГРАД ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКАТА ИЗЛОЖБА ЕКСПО 2027Темата на Србија како домаќин за ЕКСПО е „Луѓето нека играат за човештвото“. (Фото: Принтскрин од кандидатурата на Белград)

    Србија ќе биде домаќин на престижната светска изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград. На 172. Генерално собрание на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) во Париз, Србија победи во сите четири круга на гласање и ја надгласа Шпанија.

    За ЕКСПО 2027 Имаше вкупно пет кандидати, Србија, САД, Тајланд, Шпанија и Аргентина. Честитка за Белград стигна и од американскиот Стејт департмент, за победата над Блумингтон, Минесота.

    Србија е единствената земја од Југоисточна Европа која се кандидираше да биде земја домаќин на оваа престижна изложба.

    Темата на Србија како домаќин за ЕКСПО е „Луѓето нека играат за човештвото“. Во комплексот на Националниот стадион во Сурчин во Белград се планира изградба на цела серија саемски хали, павилјони, сместувачки и комерцијални објекти. Површината на планот опфаќа 167 хектари, од кои 113 хектари земјиште е наменето за саемот.

    Светските изложби, официјално познати како Меѓународни регистрирани изложби, се глобален собир на земји посветен на наоѓање решенија за итни предизвици на нашето време. ЕКСПО пречекува десетици милиони посетители, им овозможува на земјите да градат извонредни павилјони и да го трансформираат градот домаќин во годините што доаѓаат. Првата ЕКСПО – Големата изложба – се одржа во Лондон во 1851.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира