ПЕНДАРОВСКИ ГИ ОДЛИКУВАШЕ ЛЕЧИЌ, БОГОЕВСКИ, НАСЕВ, КОСТОВСКИ И БУШТУР СО МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ

    ПЕНДАРОВСКИ ГИ ОДЛИКУВАШЕ ЛЕЧИЌ, БОГОЕВСКИ, НАСЕВ, КОСТОВСКИ И БУШТУР СО МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИПендаровски со семејствата на добитниците (Фото: Кабинет на претседателот)

    Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше Лазар Лечиќ, Владимир Богоевски, Насе Насев, Борче Костовски и Благоја Георгиевски-Буштур со Медал за заслуги за Република Северна Македонија за нивниот траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмација на македонските спорт и држава. Георгиевски беше одликуван постхумно.

    „Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација“’, кажа Пендаровски на свечената церемонија во Кабинетот на претседателот.

    Лечиќ и Георгиевски се легенди на македонската кошарка, Богоевски е еден од најдобрите македонски одбојкари на сите времиња, Насев создаде бројни генерации успешни борачи, а Костовски го водеше Дејан Георгиевски кон олимписко сребро во теквондо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира