КРЕАТОРОТ НА „ТИТАН“ ГИ ОТФРЛАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ДЕКА ПОДМОРНИЦАТА Е НЕБЕЗБЕДНА, СМЕТАЈЌИ ДЕКА САКААТ ДА МУ ГИ СОПРАТ ИНОВАЦИИТЕ

    КРЕАТОРОТ НА „ТИТАН“ ГИ ОТФРЛАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ДЕКА ПОДМОРНИЦАТА Е НЕБЕЗБЕДНА, СМЕТАЈЌИ ДЕКА САКААТ ДА МУ ГИ СОПРАТ ИНОВАЦИИТЕСтоктон Раш сметал дека играчи од индустријата постојано се повикуваат на безбедноста за да ги сопрат иновациите (Фото: Оушнгејт)

    Извршниот шеф на „Оушнгејт“, Стоктон Раш, постојано ги отфрлал предупредувањата околу безбедноста на подморницата „Титан“, за која вчера беше потврдено дека била уништена во имплозија при спуштањето кон остатоците на „Титаник“. Според мејловите во кои што Би-Би-Си доби увид, еден од водечките специјалисти за истражување на големи длабочини Роб Мекалум му рекол на Раш дека ги става во ризик своите клиенти и го повикувал да престане да ја користи подморницата додека не биде одобрена од независно тело.

    Раш му одговорил дека е уморен од играчи од индустријата кои постојано се повикуваат на безбедноста за да ги сопрат иновациите. Мекалум кажа дека адвокатите на Раш на крајот му се заканиле со судска тужба.

    Премногу често ги слушаме неоснованите повици дека ќе убиеме некого. Тоа е сериозна лична навреда“, му рекол Раш на Мекалум.

    Титан“ никогаш не бил тестиран и одобрен од некое регулаторно тело, туку „Оушнгејт“ избра да го рекламира како експериментално пловило. Раш беше меѓу петтемина патници кои загинаа во „Титан“.

    Раш ја основал „Оушнгејт“ во 2009 како компанија која на муштериите им нуди искуство на патување во големи длабочини, вклучувајќи ги остатоците на „Титаник“. Цената на едно место беше 250.000 долари.

    Мекалум беше меѓу 30-ина експерти кои во 2018 потпишаа писмо во кое што го предупредија Раш дека пристапот на „Оушнгејт“ може да доведе до катастрофални проблеми.

    Индустријата со години се обидуваше да го принуди Раш да ја сопре неговата програма од две причини. Првата е дека јаглеродни влакна не се прифатлив материјал, а другата беше дека ова беше единственото неодобрено подводно пловило за комерцијални цели“, изјави Мекалум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира