ПО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОИ ПУШЕА КРЕК И ИМАА ВОНБРАЧНА АФЕРА, ТОРОНТО БИ МОЖЕЛО ДА ГО ВОДИ КУЧЕ

    ПО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОИ ПУШЕА КРЕК И ИМАА ВОНБРАЧНА АФЕРА, ТОРОНТО БИ МОЖЕЛО ДА ГО ВОДИ КУЧЕАко победи, Тоби Хипс вети дека ќе ја назначи Моли за почесен градоначалник (Фото: Фејсбук)

    Повеќе од 100 кандидати ќе има на претстојните избори за градоначалник на Торонто, кои беа распишани откако долгогодишниот градски челник Џон Тори беше принуден на оставка поради вонбрачна афера. Меѓу 102 кандидати на гласачкото ливче ќе има и едно куче.

    Шестгодишната Моли и нејзиниот сопственик Тоби Хипс влегоа во изборната трка со ветување дека ќе го забранат прекумерното фрлање сол на градските улици во зимскиот период. Според Хипс, тоа им штети на шепите на кучињата со нежни нозе како Моли.

    Ако победи, Хипс вети дека ќе ја назначи Моли за почесен градоначалник на Торонто.

    Мислам дека градските власти ќе носат подобри одлуки ако има животно во салата“, вели Хипс.

    Во последните осум години градот го водеше Џон Тори, кој го наследи Роб Форд, за кого светот слушна откако призна дека пушел крек додека беше на функцијата.

    Тори (68) го освои третиот мандат во октомври 2022, но по само неколку месеци поднесе оставка откако весникот „Торонто стар“ откри дека за време на пандемијата на ковид-19 бил во врска со 31-годишна службеничка.

    Без Тори во конкуренција, изборите на 26 јуни остануваат отворени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира