ЗАГИНА РАБОТНИК НА АЕРОДРОМОТ ВО САН АНТОНИО ОТКАКО БИЛ ВШМУКАН ВО МОТОР НА АВИОН

    ЗАГИНА РАБОТНИК НА АЕРОДРОМОТ ВО САН АНТОНИО ОТКАКО БИЛ ВШМУКАН ВО МОТОР НА АВИОННесреќата се случила додека авионот на „Делта“ бил на пристигнување (Фото: ЕПА)

    Работник на меѓународниот аеродром во Сан Антонио во Тексас починал откако бил вшмукан во мотор на патнички авион. Официјални лица кажаа дека несреќата се случила додека авион на компанијата „Делта ерлајнс“ се движел кон своето паркинг место со еден вклучен мотор, кој притоа го „проголтал“ работникот.

    Авионот „ербас А319“ бил на пристигнување од Лос Анџелес.

    „Полицијата отвори истрага, но се верува дека работникот ненамерно застанал пред вклучен мотор на авионот“, изјави официјално лице на аеродромот.

    Оттаму не го објавија идентитетот на загинатиот, освен дека работел за фирма која соработува со „Делта“ и други авиокомпании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира