АКО ДО 10 ЈУЛИ НЕ ЗАВРШАТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ ПОДМОЉЕ-ОХРИД, ЌЕ ТРПИМЕ ОГРОМНИ ШТЕТИ, ВЕЛАТ ХОТЕЛИЕРИТЕ

    АКО ДО 10 ЈУЛИ НЕ ЗАВРШАТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ ПОДМОЉЕ-ОХРИД, ЌЕ ТРПИМЕ ОГРОМНИ ШТЕТИ, ВЕЛАТ ХОТЕЛИЕРИТЕОпштината и туристичките работници бараа градежните работи да се одложат за септември (Фото: СДК.МК)

    Доколку до 10 јули не завршат градежните активности на патот од Подмоље до влезот на Охрид, како што вети министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) ќе бара одговорност оти туристичкиот сектор трпи огромни штети од затворањето на влезот на градот. Пренасочувањето на сообраќајот на стариот пат за време на летната сезона, но и несоодветната патна инфраструктура на брегот на Охридското Езеро создаваат колони возила и револт кај туристите.

    „Ако не се направи тоа, ќе мора некој да сноси одговорност. Ако трае со месеци, сезоната ќе помине и ќе трпиме огромни штети“, вели Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ.

    Блажески додава дека има огромни реакции на гостите кои доаѓаат во двата туристички центра долж Охридското Езеро, особено од честите гости.

    Пред повеќе од две недели, Општината и туристичките работници испратија допис до Министерството, со барање да се одложат градежните работи за септември, но министерот Бочварски вети дека делот на магистралата Охрид-Подмоље ќе биде завршен до 10 јули.

    „Она што е важно е дека до 10 јули ќе биде оспособена оваа лента и ќе се вози повторно по овој дел. Сметам дека до ударниот дел од туристичката сезона оваа траса ќе биде во функција“, изјави Бочварски.

    Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми кажа дека се правеле напори автопатот Кичево-Охрид да биде целосно завршен до крајот на оваа година. Автопатот се гради од 2014, но поради бројни неправилности и нерешени имотно-правни односи, до денес не е завршен.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира