СЗО ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ЕДЕН ОД НАЈЧЕСТИТЕ ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ АСПАРТАМ ЗА МОЖНО КАНЦЕРОГЕН

    СЗО ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ЕДЕН ОД НАЈЧЕСТИТЕ ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ АСПАРТАМ ЗА МОЖНО КАНЦЕРОГЕНАспартам се користи во голем број производи, вклучувајќи ја и диеталната „кока-кола“ (Фото: Гардијан)

    Светската здравствена организација (СЗО) ќе го прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи на светот за потенцијално канцерогон, изјавија два извора запознати со процесот. Аспартам, кој се користи во голем број производи, вклучувајќи ја и диеталната „кока-кола“, следниот месец ќе биде означен како „можно канцероген за луѓето“ од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), која работи во составот на СЗО.

    ИАРЦ има за цел да процени дали нешто е потенцијално опасно или не, врз основа на сите објавени докази. Притоа не се зема предвид колкаво количество од еден производ е безбедно за консумирање. Таков совет доаѓа од друг експертски комитет на СЗО, оној за прехранбени адитиви (ЈЕЦФА), кој исто така правел нова анализа на аспартам оваа година. Најавено е дека ИАРЦ и ЈЕЦФА ќе ги објават своите одлуки на 14 јули.

    Од 1981, ЈЕЦФА вели дека е безбедно да се консумира аспартам во рамките на прифатените дневни ограничувања. Така се вели дека возрасна личност од 60 килограми би требала да испие меѓу 12 и 36 лименки „кока-кола“ дневно за да биде во ризик. Ова е нашироко прифатено од националните регулатори, па и во САД и Европа.

    „Наодите на двата комитета ќе бидат доверливи до јули, но се комплементарни, при што заклучокот на ИАРЦ го претставува првиот основен чекор за разбирање на канцерогеноста“, изјави портпарол на ИАРЦ.

    Заклучоците на ИАРЦ можат да имаат големо влијание. Во 2015, овој комитет пресуди дека глифосатот е веројатно канцероген, што потоа беше прифатено и од Европската агенција за безбедност на храната.

    Аспартам се проучува со години. Едно ланско истражување во Франција, кое опфати 100.000 возрасни, покажа дека оние кои консумираат поголеми количини вештачки засладувачи се во нешто поголем ризик да добијат рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира