КУЧЕТО КОЕ КАСНА ДЕТЕ ВО БИТОЛА НЕ БИЛО БЕЗДОМНО, ПРИЈАВА ЗА НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ КОЈ ЧУВА КУЧИЊА ЗА БОРБИ, А ГИ ПУШТА ПО УЛИЦИ, АМА НЕ Е РЕГИСТРИРАН СОПСТВЕНИК

    КУЧЕТО КОЕ КАСНА ДЕТЕ ВО БИТОЛА НЕ БИЛО БЕЗДОМНО, ПРИЈАВА ЗА НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ КОЈ ЧУВА КУЧИЊА ЗА БОРБИ, А ГИ ПУШТА ПО УЛИЦИ, АМА НЕ Е РЕГИСТРИРАН СОПСТВЕНИКПријавата е против непознат сторител оти граѓанин ги чува кучињата за борби, но е регистриран како сопственик. (Фото: Архивска фотографија)

    Кучето кое пред пет дена касна 13-годишно дете во центарот на Битола не било бездомник, туку припаѓало некому, а било пуштено слободно да се движи по улици. Градоначалникот Тони Коњановски на денешната прес-конференција рече дека проблемот добива и други размери, со иматели на кучиња кои се чуваат за борби, но и други животни кои немаат сопственик, а имаат имател со што се заобиколуваат законските обврски од поединци.

    „Случајот со детето што беше каснато пред неколку дена беше буквално таков – куче за кое се знае дека има сопственик, само прашање е дали е регистриран или само го поседува, а повеќепати правело проблем низ битолските улици“, рече Коњановски.

    Општина Битола веќе поднесе кривична пријава против непознат сторител на просторот кај Стара болница, каде беше каснато детето, а за каде имаат информации дека се чуваат кучиња за борби. Тоа не се бездомни животни, туку некому припаѓаат, а тие лица не се регистрирани сопственици на животните, туку само иматели.

    Исто така поднесоа и кривична пријава протов непознати сторители на просторот на поранешната касарна кои имаат овци, кози и коњи, а истовремено се иматели и на опасни овчарски кучиња, кои се испуштаат по улиците.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира