РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВА МОБИЛИЗАЦИЈА ОТКАКО „ВАГНЕР“ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД УКРАИНА

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВА МОБИЛИЗАЦИЈА ОТКАКО „ВАГНЕР“ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД УКРАИНА„Вагнер“ имаше клучна улога во борбите за Соледар и Бахмут (Фото: Гети)

    Нема потреба од дополнителна мобилизација во Русија со цел да се заменат борците на „Вагнер“, кои го напуштија бојното поле во Украина по нивната краткотрајна побуна, велат руските власти.

    Не постои ни најмала закана за нашиот борбен потенцијал, ни среднорочно, ни долгорочно гледано. Во времето на побуната немаше борци на ‘Вагнер‘ на бојното поле, сите беа во камповите. Имаме со што и со кого да ги замениме“, изјави Андреј Картаполов, кој го предводи комитетот за одбрана во рускиот парламент.

    Вагнер“ го запре маршот на Москва откако беше постигнат договор со кој на лидерот Евгени Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија. Оваа приватна воена компанија претходно одби да потпише договор со министерството за одбрана и да се стави под контрола на Кремљ, по што објави дека веќе нема да се бори во Украина, каде што имаше клучна улога во борбите за Соледар и Бахмут.

    Владимир Путин нареди мобилизација на стотици илјади воени резервисти во септември минатата година, со цел да се засилат регуларните вооружени сили, додека „Вагнер“ во исто време регрутираше затвореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира