ЦЕНТАР ЗА ОСТЕОПОРОЗА Е ОТВОРЕН ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ

    ЦЕНТАР ЗА ОСТЕОПОРОЗА Е ОТВОРЕН ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕМухамед Унал од ТИКА, Меџити и специјалистот интернист-ендокринолог д-р Танер Хасан од „8 Септември“ на отворањето. (Фото: Министерство за здравство)

    Центар за остеопороза, со донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, денес се отвори во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје. Пуштен е во употреба и нов остеодензитометар, апарат за мерење на коскена густина. Центарот е во Одделот за ендокринологија во болницата.

    „Со воведувањето на овој остеодензитометар ќе се унапредат условите за дијагностицирање и менаџирање на остеопорозата. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме во здравството, е, обезбедувањето навремен пристап до услугите за нашите пациенти. Остеодензитометарот ќе ни овозможи директно да се справиме со овој предизвик“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

    Според претседателот за Балкан и Источна Европа, Мухамед Унал, ТИКА од основањето во 1992, веќе 30 години реализира проекти за развој и соработка во образованието, здравството, хуманитарната помош, реставрацијата и многу други области. ТИКА моментално функционира во 150 земји, со 62 канцеларии во 60 земји. Канцеларијата во Скопје, која во Македонија функционира од 2005, има реализирано приближно 1.200 проекти во овие области.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира