ЕКСПЕРТИ НА ОН НЕ ПРОНАШЛЕ ЕКСПЛОЗИВНИ НАПРАВИ ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ, НО БАРААТ ПОГОЛЕМ ПРИСТАП

    ЕКСПЕРТИ НА ОН НЕ ПРОНАШЛЕ ЕКСПЛОЗИВНИ НАПРАВИ ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ, НО БАРААТ ПОГОЛЕМ ПРИСТАПРусија и Украина меѓусебно се обвинуваат дека другата страна планира инцидент во најголемата нуклеарка во Европа (Фото: АФП)

    Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) на Обединетите нации кажаа дека досега не пронашле мини или експлозиви во нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, но за да бидат сигурни, ќе има треба поголем пристап.

    Русија и Украина во изминатите денови меѓусебно се обвинуваа дека другата страна планира инцидент или напад на најголемата нуклеарка во Европа. Украинскиот претседател Зеленски притоа кажа дека на покривот на нуклеарката е поставено нешто што наликува на експлозиви.

    Во изминатите денови и недели проверувавме делови од постројката и правевме редовни обиколки на местото, но досега не откривме јасни знаци на поставени мини и експлозиви. Побаравме дополнителен пристап, што е неопходно за да се потврди дека ги нема, вклучувајќи ги покривите на реакторите 3 и 4“, соопшти ИАЕА.

    Од украинската војска кажаа дека постојат назнаки дека токму на покривите на тие два реактора се поставени експлозивни направи. Од ИАЕА велат дека се свесни за извештаите дека во нуклеарката се поставени експлозиви, но ни Русија, ни Украина не ги поткрепија своите тврдења со докази.

    Иако експертите велат дека би било многу тешко да се оштетат реакторите, поголема опасност доаѓа од малото езеро за ладење, каде што експлозија би можела да предизвика делумно нуклеарно топење. Во такво сценарио, најголемиот дел од радијацијата би бил задржан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира