ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ГО ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ, ГАРАНЦИЈА СЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕТЕШИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛИПКОВО АРИФИ

    ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ГО ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ, ГАРАНЦИЈА СЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕТЕШИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛИПКОВО АРИФИМештаните велат дека струјата била исклучена вчера околу 14:30 часот (Фото: ЕВН)

    Екипи на ЕВН денеска ќе влезат во липковското село Слупчане за да го отстранат дефектот на електричната мрежа, поради што од вчера нема струја во 4 села. Договорот е постигнат со посредство на високи функционери од централната и локална власт во Липково, односно минситерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

    „Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на ‘Електродистрибуција’ да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија“, соопшти ЕВН.

    Жителите на Слупчане вчера останаа без струја, поради што се обиделе самите да ја приклучат и направиле голема штета на системот, оставајќи ги без струја и соседните Оризаре, Ваксинце и Лојане.

    „По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни и може да имаат трагичен крај“, велат од ЕВН.

    Проблемот во Слупчане се провлекува со месеци, поради кражбите на електричната енергија кои се околу 80 отсто, а наплатата е само 20 проценти. Жителите не дозволуваат да им се постават дигитални броила и го блокираат влезот во селото за екипите на ЕВН.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира