ПО 30 ГОДИНИ КИНО ПРОЕКЦИЈА ВО ШТИП НА МЕСТОТО НА НЕКОГАШНОТО ЛЕТНО КИНО

    ПО 30 ГОДИНИ КИНО ПРОЕКЦИЈА ВО ШТИП НА МЕСТОТО НА НЕКОГАШНОТО ЛЕТНО КИНОПо 30 години повторно кино во Штип. Кино проекциите во иднина ќе бидат во затворената сала во Мултимедијалниот центар „Кирил Глигоров“ каде што пред половина век беше популарното летно кино во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Со филмовите „Индијана Џонс“ со Харисон Форд и „Невозможна мисија“ со Том Круз, започна програмата на филмови што ќе се прикажуваат во новоизградената и адаптирана кино сала, настан што се случува по 30 години во Штип.

    Новото кино од затворен тип, штипјани паметат дека е адаптирано на местото на некогашното летно кино кое пред половина век беше атракција во градот и едно од најпосетените места во Штип.

    Тогашното кино, Кино „Култура“ работеше пред 35 години, но со последните трансформации згасна и ова кино, па камбекот на филмот во живо денеска со носталгија и со воодушевување беше поздравено од штипјани, но и од останатите градови кои уште првиот ден од штипската промоција дојдоа во овој град да ги видат првите филмови.

    „Новите современи проекции на филмови на големото платно не само што ги враќа спомените на постарите, туку и нас помладите не фасцинира затоа што новото кино ќе прави современи проекции на филмови со познати и популарни светски актери“, велат млади љубители на филмот кои решиле да ги проследат сите проекции.

    Според официјалните лица, за денот на отворањето биле предвидени да се прикажат пет филмови, а во наредниот период и филмови од најновите жанрови во сите можни проекции со помош на новонабавениот ласерски проектор кој репродуцира квалитетна слика.

    Цената на билетите се 200 денари, со можност за попуст за оние кои ќе бидат фанови на кино клубот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира