Над 180 патници останаа на љубљанскиот аеродром Брник во средата место да отпатуваат за Лондон откако авион на Изиџет не полета поради инцидент со патничка и екипажот.
Непосредно пред полетувањето, 21-годишна Словенка почнала да се однесува агресивно, дури гризнала стјуардеса, поради што пилотот решил да се врати на платформата и била повикана полиција.
Според очевидци, младата Словенка слушала многу гласна музика на телефонот и жената до неа учтиво ѝ рекла да ја намали музиката или да стави слушалки, но таа збеснала и силно ја удрила 60-годишната жена.
Екипажот се обидел да ја смири, но 21-годишничката само уште повеќе се разлутила, ја грабнала раката на една од стјуардесите и ја гризнала.
Од локалната полиција кажаа дека поради непристојно и насилничко однесување, против еден од патниците е поведена прекршочна постапка, за што казната изнесува 250 евра.
Патниците одлетаа следниот ден за Лондон.
Сличен инцидент се случи неколку дена претходно на авион од Задар за Лондон, кога 27-годишен Британец се обиде да ја отвори вратата среде лет.