Најмалку 300 луѓе кои патувале во три мигрантски бродови од Сенегал до шпанските Канарски острови се исчезнати, објави групата за помош на мигранти „Вокинг бордерс“.
Два брода, еден со 65 луѓе и друг со 60-тина луѓе, ги нема веќе 15 дена откако тргнаа до Сенегал. Третиот брод тргнал од Сенегал на 27 јуни со околу 200 луѓе.
Семејствата на овие мигранти немаат контакт со нив откако заминале, велат од „Вокинг бордерс“.
Сите три брода тргнале од Кафунтине, на југот на Сенегал, на околу 1.700 километри оддалеченост од Тенерифе во Атлантскиот океан.
Атлантската мигрантска рута, една од најопасните во светот, ја користат мигранти од супсахарска Африка. Најмалку 559 луѓе, вклучувајќи 22 деца, загинаа во 2022 година во обид да стигнат до Канарските острови, според податоците на Обединетите нации.