ТРИ ДЕЦА МЕЃУ ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГРАДИНКА ВО КИНА

    ТРИ ДЕЦА МЕЃУ ШЕСТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ГРАДИНКА ВО КИНАПолицијата кажа дека 25-годишниот напаѓач е уапсен (Фото: АФП)

    Шест луѓе, од кои три деца се убиени во напад со нож во градинка во кинескиот град Лијанџијанг во југоисточната провинција Гвангдонг. Полицијата кажа дека 25-годишниот напаѓач е уапсен, додавајќи дека станува збор за „намерен напад“.

    Останатите убиени се воспитувач и двајца родители, а уште едно лице е повредено.

    Нападот се случил во моментот кога родителите ги оставале децата во градинката. Напаѓачот бил уапсен 20 минути подоцна.

    Иако поседувањето огнено оружје е забрането во Кина, во изминатите години имаше серија напади со нож. Според Би-Би-Си, од 2010 имало 17 напади со нож во образовните установи. Лани во август беа убиени три лица во градинка во југоисточната провинција Џијангси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира