ДЕЛ ОД ОСНОВЦИТЕ КОИ ИМАА ПРОБЛЕМИ СО СЛЕДЕЊЕТО НА НАСТАВАТА ВО КОВИДКРИЗАТА, ОД ЕСЕНВА ЌЕ РАБОТАТ СО ТУТОРИ

    ДЕЛ ОД ОСНОВЦИТЕ КОИ ИМАА ПРОБЛЕМИ СО СЛЕДЕЊЕТО НА НАСТАВАТА ВО КОВИДКРИЗАТА, ОД ЕСЕНВА ЌЕ РАБОТАТ СО ТУТОРИМинистерот за образование и наука Јетон Шаќири (десно) и Никица Мојсоска-Блажевски, експертка ангажирана за проектот денеска разговараа за туторската поддршка. (Фото: МОН)

    Ученици од основните училишта, кои поради ковид пандемијата не биле во можност или имале потешкотии да ја следат онлајн наставата или наставата со физичко присуство, од есенва ќе добијат туторска поддршка. Се планира програмата за помош и поддршка за предметите мајчин јазик и математика да започне да се спроведува од учебната 2023-2024 година во три пилот општини.

    Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека наставници и друг наставен кадар коj има искуство за работа со ученици кои имаат потешкотии за совладување на училишниот материјал, како и студенти од завршните години на студии на соодветни факултети ќе им помагаат на основците кои се соочиле со предизвици при следењето на наставата за време на пандемијата.

    Целта е да се пополнат празнините во знаењето по предметите мајчин јазик и математика, за да се спречи на нивен одраз во понатамошните образовни нивоа. Оваа активност е дел од Проектот за унапредување на основното образование на МОН.

    „Откако ќе почне во учебната 2023/2024 година, ќе следи анализа на постигнатите резултати и потоа дефинирање на системско решение и имплементирање на национално ниво“, велат од МОН.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира