СЕ РАСПАЃА ИКОНАТА ШТО ЈА НАСЛИКАЛ ВО ВЕЛЕС ГОЛЕМИОТ ГРАДИТЕЛ АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ, СЕ СЛАВИ 210 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО

    СЕ РАСПАЃА ИКОНАТА ШТО ЈА НАСЛИКАЛ ВО ВЕЛЕС ГОЛЕМИОТ ГРАДИТЕЛ АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ, СЕ СЛАВИ 210 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТОДамјанов (долу) е погребан во Велес во необележан гроб (горе), а сочувана е иконата на Свети Тома со негов потпис од 1848 која е во лоша состојба (десно). (Фото: СДК.МК)

    Денеска, на верскот празник Петровден, се одбележува 210-годишнината одраѓањето на големиот балкански градител на сакрални објекти, Андреја Дамјанов. Локалната власт на Велес му оддаде почит на Дамјанов на неговиот гроб.

    Гробот, мал, камен, необележан, е во кругот на црквата „Свети Пантелејмон“. Иако големиот мајстор на градбата сакал да остане безимен, оти неговиот завет бил „мајсторот по делата се познава“ на неговиот гроб нема никаков знак и име.

    Неговите дела освен во Македонија, ги има во Србија и Босна и Херцеговина. Со повеќе од 40 цркви, тој е меѓу најплодните но и најпознати градители на територијата на Балканот.

    „На Дамјанов не сме му го дале вистинското место, колку тој значи за Македонија. Тој создал огромно национално богатство, кое и по толку време на неодржување опстојува и се белег на нашето постоење“, вели архитектката Стана Амбаркова од Велес.

    Наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), архитектката и професорка Зорица Блажевска е добитничка за 2022. (Фото: СДК.МК)

    Во негова чест, Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) ја доделува престижната награда „Андреја Дамјанов“, признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Оваа архитектонска награда претставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја и се доделува на државјанин на Македонија. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската академија на ААМ. Архитектката и професорка Зорица Блажевска е добитни;ка на наградата за 2022.

    Роден е во 1813 во велешкото село Папрадиште, каде се доселило мијачкото семејство Дамјанови кое води потекло од Рензовци. Точниот датум на раѓањето не е познат, ниту денот на смртта, но затоа е познато делото кое зад себе го остави Дамјанов.

    Дамјанов се смета за ненадминлив градител на сакралани објекти на Балканот. Освен што е мајстор за градење цркви, тој се бавел и со зографство. Во црквата „Свети Пантелејмон“ во Велес е сочувана иконата со потпис на Дамјанов од 1848 на неа е насликан Свети Тома, а која е во мошне лоша состојба.

    Негови дела меѓу другите се и и црквите „Свети Никола“ во Куманово, „Свети Јокаим Осоговски“, „Свети Архангел Михаил“ во село Чичево.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира