ЖЕШКИОТ БРАН КЕРБЕР ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА ЕВРОПА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ОДАТ НАД 40 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ

    ЖЕШКИОТ БРАН КЕРБЕР ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА ЕВРОПА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ОДАТ НАД 40 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИЖешкиот бран би можел да донесе екстремни услови во следните денови (Фото: К. Попов)

    Жежок бран пристигна во делови од јужна Европа и северозападна Африка и би можел да донесе рекордно високи температури во следните денови. Се очекува температурите да бидат повисоки од 40 Целзиусови степени во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција.

    Во Италија, температурите би можеле да достигнат до 48,8 степени. Предупредување за црвен аларм е огласено во десет града, вклучувајќи ги Рим и Фиренца. Еден 44-годишник починал во Лоди близу Милано откако колабирал на топлото време.

    Се соочуваме со неподнослив топлотен бран. Мора да се почитуваат сите мерки за да избегнеме трагедии како онаа во Лоди“, изјави италијанскиот политичар Никола Фратојани.

    Жешкиот бран Кербер би можел да донесе екстремни услови во следните денови, а врвот на температурите се очекува утре, кога во големи делови од јужна Европа ќе бидат над 40 степени, објави Би-Би-Си. Жештините ќе продолжат и викендов, па во Прага се очекуваат температури до 36 степени, дури 12 степени повеќе од просекот за јули.

    Највисоката температура во Европа досега беше измерена во август 2021 – 48,8 степени близу Сиракуза на Сицилија.

    Според некои проценки, минатата година починале над 60.000 луѓе во Европа како последица на жештините и се стравува дека бројките ќе бидат големи и ова лето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира