ВРХОВНИТЕ СУДИИ ГИ ИСПОЧКРТАА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА И ГО БОЈКОТИРАА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ, НО ТОЈ СО САМО 6 ГЛАСА СОСЕ НЕГОВИОТ Е ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ИЗБРАНА Е И АНТОАНЕТА ДИМОВСКА

    ВРХОВНИТЕ СУДИИ ГИ ИСПОЧКРТАА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА И ГО БОЈКОТИРАА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ, НО ТОЈ СО САМО 6 ГЛАСА СОСЕ НЕГОВИОТ Е ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ИЗБРАНА Е И АНТОАНЕТА ДИМОВСКАВо законите за избор нема ни цензус ни процент за излезност, па лесно единствениот кандидат од Врховниот суд ќе стане член оцрнетиот Судски совет. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Од 16 гласачи, врховни судии, за единствениот кандидат врховен судија за член на Судски совет Наќе Георгиев, денеска гласале 13. Од нив, седум врховни судии ги испочкртале гласачките ливчиња, а три биле празни, неупотребени, со што му упатија порака не само на колегата, туку и на Судскиот совет од кого се очекуваше да се самораспушти, место да се пополнува по оставките од членство на двајцата судии.

    Кандидатот Георгиев  добил вкупно шест гласа, од кои еден е неговиот. Бидејќи нема ни цензус, ни правила, ни условено мнозинство за некој да биде избран за член на Судскиот совет, Георгиев, како единствен кандидат од Врховниот суд, се смета за избран член на Советот и со само шест од 16 гласа во Врховниот суд,

    Тој доаѓа на местото на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова, која по скандалите и беззаконието во Судскиот совет манифестирано од Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Ханиф Зендели, Миљазим Мустафа, Мирсад Суроји, Лорета Георгиева, Сашко Георгиев и Тања Чачарова-Илиевска, си поднесе оставка од член на Судскиот совет.

    Оставка си поднесе истиот час и апелациониот судија Зоран Герасимовски, поради што денеска се одржаа избори и за неговото место, на кои судијката од Граѓанскиот суд Скопје Антоанета Димовска го победи претседателот на Кавадаречкиот суд Лазар Нанев.

    Димовска добила 110, а Нанев 49 гласа од колегите судии од Апелационото подрачје Скопје. Во ова подрачје се вбројуваат и двата управни суда. Гласале 185 судии, имало 26 неважечки ливчиња 35 биле празни, неупотребени.

    Судскиот совет ден  пред да го стави на листа, му ја прекина постапката за разрешување на Наќе Георгиев од Струмица, а му ја прифати и некомплетната документација на Лазар Нанев, усвојувајќи го истиот момент извештајот за работата на Основниот суд Кавадарци, кој Црвенковска како одговорна, го направила површен и без одговор на многу прашања поврзани со судот и со претседателот, за кои има испратено и известување од Вишото јавно обвинителство Скопје до Судскиот совет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира