ВРХОВНИОТ СУД НА ИТАЛИЈА ПОМИЛУВА МЕЧКА КОЈА УБИ 26-ГОДИШНИК ВО АЛПИТЕ

    ВРХОВНИОТ СУД НА ИТАЛИЈА ПОМИЛУВА МЕЧКА КОЈА УБИ 26-ГОДИШНИК ВО АЛПИТЕСудот го поддржа барањето на активистите за заштита на животни (Фото: Гети)

    Највисокиот суд во Италија ја суспендираше наредбата за убивање на две мечки во северна Италија, поддржувајќи го барањето на активистите за заштита на животни.

    Една од мечките, 17-годишна женка наречена ЈЈ4, беше фатена откако го уби 26-годишниот Андреа Папи додека трчал во Алпите. Другата мечка позната како МЈ5 претходно нападнала планинар во истата област.

    Врховниот суд на Италија пресуди дека „одлуката за убивање на мечките се чини непропорционална и неконзистентна со националните и наднационалните правила“. Случајот ќе биде префрлен во локален суд, кој ќе ја донесе конечната одлука на крајот на годината.

    Кога ЈЈ4 беше фатена во април, гувернерот на провинцијата Трентино изјави дека требало да ја убијат мечката на самото место.

    Папи е првиот Италијанец убиен од мечка во последните години. Тој бил нападнат додека трчал на падините на планината Пелер над градот Калдес. Мечката оттогаш се наоѓа во центар за грижа на животни кај градот Тренто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира