ПЛАТЕНИЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ПРЕМИНАЛЕ ВО БЕЛОРУСИЈА, ОБЈАВИ УКРАИНА

    ПЛАТЕНИЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ПРЕМИНАЛЕ ВО БЕЛОРУСИЈА, ОБЈАВИ УКРАИНАБорците на „Вагнер“ почнале да делуваат како воени инструктори на теротиријалните одбранбени сили на Белорусија (Фото: војската на Белорусија)

    Украинските безбедносни служби потврдија дека платениците на „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседната Русија. Тие велат дека сѐ уште проценуваат колку „милитанти“ се во Белорусија и кои се нивните точни цели и локација.

    Еден непотврден извештај вели дека конвој со околу 60 возила на групата ја преминал границата и влегол во Белорусија денеска.

    Преминувањето на борците на „Вагнер“ беше дел од договорот со кој беше прекината нивната побуна на 24 јуни и чија цел беше соборувањето на водачите на руската војска.

    Белоруското министерство за одбрана вчера соопшти дека борците на „Вагнер“ почнале да делуваат како воени инструктори на територијалните одбранбени сили на Белорусија и дека обуката се спроведува близу градот Осиповичи, 85 километри југоисточно од Минск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира