И СРБИЈА ЈА ЗАФАТИ СИЛНО НЕВРЕМЕ, ЗАТВОРЕН БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ

    И СРБИЈА ЈА ЗАФАТИ СИЛНО НЕВРЕМЕ, ЗАТВОРЕН БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМПоројниот дожд е проследен со грмотевици и оркански ветер (Фото: СДК.МК)

    По Словенија и Хрватска, силното невреме вечерва пристигна и во Србија, кое доведе и до привремено затворање на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Српските медиуми јавуваат за штети во повеќе градови, како Белград, Нови Сад, Панчево, Лозница и Сремска Митровица.

    Поројниот дожд е проследен со грмотевици и оркански ветер, кој уриваше дрвја, покриви и кранови. Во одделни делови од земјата снема струја.

    Поради изразено неповолните временски услови, привремено е затворен аеродромот во Белград, при што постои можност и за откажување на некои летови, објави „Ер Србија“.

    Во денешното силно невреме во Словенија загина едно, а во Хрватска три лица, од кои две во Загреб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира