НА ГЕРМАНИЈА Ѝ ФАЛАТ НАД 65.000 РАБОТНИЦИ ЗА ХОТЕЛИ И РЕСТОРАНИ

    НА ГЕРМАНИЈА Ѝ ФАЛАТ НАД 65.000 РАБОТНИЦИ ЗА ХОТЕЛИ И РЕСТОРАНИНекои ресторани почнаа да работат со самопослужување место целосна услуга на маса. (Фото: ЕПА)

    Германија во моментов има недостиг од над 65.000 работници за хотели и ресторани, според здружението на туристичката индустрија Дехога.

    „Според месечните истражувања на Дехога, недостигот на вработени е постојано еден од најголемите предизвици за бизнисите“, велат од здружението за ДПА. „Федералната агенција за вработување објави 33.160 слободни работни места во угостителската индустрија за јуни. Сепак, претпоставуваме дека вистинската побарувачка е најмалку двојно поголема, бидејќи многу бизниси повеќе не ги пријавуваат своите слободни работни места во агенциите за вработување или центрите за вработување“, рече експертот за пазарот на труд од Дехога, Сандра Варден.

    Варден укажа на бројките од јуни 2019, кога имало пријавени речиси 40.000 слободни работни места.

    „И како што знаеме, проблемот оттогаш неизмерно се влоши поради ковид пандемијата“, рече Ворден. „Особено сега, во летната сезона и поврзаната зголемена побарувачка во туристичките дестинации, потребата продолжува да расте“, рече таа.

    Во меѓувреме, гастрономските бизниси се справуваат на кој било начин.

    „Постојат бизниси кои затоа се принудени да го скратат работното време, да ги затворат вратите во одредени денови или да ги концентрираат понудите од менито“, рече Ворден.

    Некои ресторани почнаа да се фокусираат повеќе на самопослужување, а не на целосна услуга на маса. Варден рече дека членовите на Дехога се надеваат оти индустријата брзо ќе има корист од можностите што ги нудат реформите за имиграција, како и од олеснето вработување на бегалците. Здружението бара и обука за повеќе вештини, како и повисоко вреднување на практичните професии и вештини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира