ВНИМАТЕЛНО СО ЛЕКОТ „ОЗЕМПИК“ СО КОЈ СЛАБЕАТ ХОЛИВУДСКИТЕ ЅВЕЗДИ, ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ПАЦИЕНТИ СО ДИЈАБЕТЕС 2, А ИМА И ФАЛСИФИКАТИ, ВЕЛИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ

    ВНИМАТЕЛНО СО ЛЕКОТ „ОЗЕМПИК“ СО КОЈ СЛАБЕАТ ХОЛИВУДСКИТЕ ЅВЕЗДИ, ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОЗВОЛЕН САМО ЗА ПАЦИЕНТИ СО ДИЈАБЕТЕС 2, А ИМА И ФАЛСИФИКАТИ, ВЕЛИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИАгенцијата за лекови апелира дека лекот „оземпик“е регистриран исклучиво за третман на возрасни пациенти со дијабет тип 2, кој се издава само на лекарски рецепт. (Фото: АП)

    Во земјава се злоупотребува лекот за дијабетес „оземпик“, кој го користат холивудските ѕвезди за слабеење, вели Агенцијата за лекови и медицински средства  МАЛМЕД. Оттаму велат дека периодов е актуелна злоупотребата на „оземпик“ кој е регистриран во Македонија и е индициран за третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2 како надополнување на исхраната и физичката активност.

    „Агенцијата за лекови апелира дека лекот „оземпик“е регистриран исклучиво за третман на возрасни пациенти со дијабет тип 2, кој се издава само на лекарски рецепт. Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното индикационо подрачје, таканаречена “off-label” употреба за која лично е одговорен лекарот кој го пропишува и за истото треба да го извести МАЛМЕД“, соопшти Агенцијата.

    Од таму укажуаат дека како и за секој друг лек, и за лекот „оземпик“ постојат контраиндикации, односно состојби во кои лекот не смее да се применува, а евидентирани се и несакани реакции (намалување на нивото на шеќер во крвта, повраќање, пролив, болки во стомакот, запек, мачнина, пореметување на метаболизмот и други) кои здравствениот работник треба да му ги укаже на пациентот и да му дадее совет како да се справи со нив.

    Агенцијата реагира дека употребата на лекови по препораки на социјалните мрежи и влијанието на познати личности или лица кои имаат влијание на социјалните мрежи (тнр. инфлуенсери) им се наметнува на граѓаните и е сè почесто присутно, особено кај младата популација.

    Употребата на овој лек е холивудски тренд и во САД се набавува како средство за слабеење. Многу од ѕвездите и славните кријат дека ослабеле со „оземпик“, меѓу нив е и милијардерот Илон Маск. Актерката Ејми Шумер е една од првите која отворено призна дека пие „оземпик“ да ослаби, но и дека имала страшни пропратни ефекти, како мачнини, повраќање и вртоглавици, до толку што не можела да си го држи в раце бебето.

    До Агенција за лекови и медицински средства е пристигната и пријава од носителот на одобрение за ставање на лекот во промет за фалсификуван лек на територијата на нашата држава. Агенција укажува на можноста за појава на фалсификат на пазарот и потребата од поголема претпазливост при набавката на лекот.

    „Фармацевтските инспектори согласно дадените информации во пријавата спроведува вонреден инспекциски надзор во аптеките. Сакаме да потенцираме и да укажеме на важноста за купување на лекови од овластени, соодветни извори за набавка (овластени правни лица кои имаат одобрение за промет на мало со лекови издадено од Агенција за лекови и медицински средства), а се со цел користење на лекови со потврден квалитет и безбедност кои се одобрени со Закон“, велат од МАЛМЕД.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира